По поразот од Бенфика синоќа на домашен терен, Јувентус има само 1 победа напоследните 8 натпревари. Тоа сериозно се заканува дека Тиаго Мота наскоро ќе добие отказ.
Избраниците на Тиаго Мота завршија на 20. место на табелата во оваа фаза од Лигата на шампионите, а утре ќе го добијат противникот за плеј-оф рундата. На последните 8 натпревари во сите натпреварувања торинскиот тим забележа 3 порази и 4 нерешени средби. Во овој период го победија само Милан со 2:0.
Ако Јуве не успее да го победи викендов Емполи, кому му гостува, Мота веќе во понеделник би требало да биде сменет.

