Милан го договори потписот на најдобриот стрелец на Феенорд, Сантијаго Хименез, тврди Фабрицио Романо. Росонерите ќе платат нешто повеќе од 35 мил. евра за 23-годишниот Мексиканец. Оваа сума вклучува и бонуси.
Се очекува Хименез денеска да биде во Милано каде ќе ги помине лекарските прегледи и потоа ќе го финализира трансферот.
Сантијаго Хименез е дел од Феенорд од летото 2022 година, кога се пресели од Круз Азул. За Феенорд има 104 настапи, на кои има постигнато 64 гола и 14 асистенции. Куриозитет е што еден од првите натпревари на напаѓачот за Милан ќе биде против Феенорд. Двата тима ќе се соочат во плејофот од Лигата на шампионите.

