Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, лично ја одобри преселбата на Маркус Рашфорд во клубот од Бирмингем. Откако стана јасно дека напаѓачот е непожелен во Манчестер Јунајтед, тој веднаш почна да бара нов предизвик за себе.
Двата клуба веќе преговараат за трансфер со позајмица на 27-годишниот фудбалер и репрезентативец на Англија.
Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е до летото 2028 година.

