Хрватскиот шампион Динамо Загреб заврши уште една одлична работа со продажбата на фудбалерот Петар Сучиќ, кој за 16 милиони евра се сели во Интер. За Сучиќ, загрепчани платија само 200.000 евра при неговиот трансфер на „Максимир“ во декември 2021 година.
Фабрицио Романо потврди дека за Сучиќ Интер ќе плати 14 милиони евра и уште два милиони преку бонуси.
Во своите досегашни настапи за Динамо, Сучиќ одигра 60 натпревари и имаше учинок од пет гола и четири асистенции. Дефанзивниот играч за врска се очекува во следните два-три дена да ги помине медицинските прегледи и да потпише за Интер.

