Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше катастрофалниот пораз на неговиот тим во 24. коло од Премиер лигата против Арсенал (1:5).
„Тешко е да се најдат зборови веднаш по таков натпревар. Гордоста е повредена. Извинување до сите фанови кои дојдоа да го видат ова. Начинот на кој игравме во последните 30 минути беше неприфатлив. Лично јас и сите заедно ја преземаме одговорноста. Бевме во игра и резултатот беше изедначен. Лут сум, вознемирен од тоа како заврши натпреварот. Сè уште не разбирам зошто нешто тргна наопаку. Играчите имаат страст за игра. Мора да се држиме заедно“, вели Гвардиола.
По 24 кола, Манчестер Сити го зазема четвртото место во табелата во Премиер лигата.

