Поразот од Кристал Палас беше петти пораз на Манчестер Јунајтед на домашен терен во Премиер лигата под водство на Рубен Аморим. Ова се случи во седмиот натпревар на тимот на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата под водство на Португалецот, што е најлошиот резултат во историјата на клубот.
Јунајтед предбоден од Дејвид Мојс го претрпе петтиот домашен пораз во Премиер лигата по 14 одиграни меча, а под водство на Ерик тен Хаг тоа се случи дури по 28 меча.
Интересно е што под водство на Ралф Рангник и Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед немаше пораз на домашен терен во Премиер лигата на пет натпревари.

