Тренерот на фудбалерите на Милан, Серхио Консеисао, го искоментира ремито во градското дерби со Интер во рамките на Серија „А“.
„Во првиот дел имавме добар притисок и не размислувавме многу на одбрана. Ми се допадна како играчите се поставија на теренот со висок пресинг“ – вели Консеисао.
„Во вториот дел лесно ја губевме топката, ќе мораме да работиме на тој момент. Има уште време до крајот на сезоната“ – рече Консеисао.

