Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел, денеска ќе потпише времен договор со Кристал Палас откако двата клуба ги договорија сите детали за трансферот.
Дефанзивецот ќе игра во новиот клуб во наредните шест месеци по што ќе се врати на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
28-годишниот фудбалер во сезонава има само 45 минути и тоа во натпревар од Карабао купот против нисколигашот Бероу.

