Фудбалерот, Џејмс Вард, ќе го напушти Нотингем Форест и ќе се врати во екипата на Вест Хем бидејќи не ги исполни очекувањата на управата на клубот.
Играчот од средниот ред кој во изминатото лето беше испратен на позајмица во Нотингем, сега ќе се врати на стадионот во Лондон.
„Чеканите“ до крајот на сезоната ќе стрепат за опстанокот бидејќи се наоѓаат на 15-то место на табелата.

