Фудбалерите, Килијан Мбапе и Џуд Белингем, ќе го пропуштат мечот на Реал Мадрид во Копа дел Реј. „Кралевите“ утре ќе играат на гости кај Леганес во рамките на четвртфиналето.
Французинот се соочува со мала повреда и ќе добие денови за одмор. Белингем ќе добие поштеда пред првиот меч со Манчестер Сити на стартот на елиминациите во Лигата на шампионите.
Тој натпревар е закажан за 11 февруари во Англија. Три дена претходно Реал ќе му гостува на Атлетико во градското дерби.

