Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Крај на сагата со иднината на Алфонсо Дејвис
    Фудбал

    Крај на сагата со иднината на Алфонсо Дејвис

    risteBy riste05/02/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Канадскиот интернационалец Алфонсо Дејвис потпиша нов договор со Баерн со што стави крај на шпекулациите дека ќе премине во Реал Мадрид. Неговиот актуелен договор требаше да истече ова лето, но тој веќе е врзан за Баварците до 2030 година. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на клубот.

    „Фонзи игра за Баерн од својата 18-та година и брзо се адаптираше во клубот. Го гледаме како една од фигурите на новата генерација на нашиот тим, кои се повеќе ја преземаат одговорноста. Тој израсна овде и ќе продолжи да се развива заедно со тимот”, изјави во официјалното соопштение членот на Одборот за спорт, Макс Еберл.

    „Дојдов во Минхен на 18 години со една цел – да учам и да станам подобар. Отсекогаш сум сакал да бидам број 1 на мојата позиција. И сега со нетрпение очекувам да продолжам со клубот во следните пет години. Постигнав многу, но се надевам дека ќе има уште повеќе успеси”, изјави Дејвис.

    Дејвис дојде во Баерн во 2018 година за тогашна рекордна сума од Ванкувер од МЛС лигата. Роден е во бегалскиот камп Будубурам западно од Акра во Гана од родители кои избегале од граѓанската војна во Монровија, Либерија.

    Во 2006 година, кога тој имал 5 години, тие се преселиле во Едмонтон, каде Дејвис почнал да игра фудбал, прво на училиште, а потоа во бесплатна после училишна лига за деца од градот. Постепено, неговиот талент беше забележан и најсилните тимови во Канада почнаа да го бараат, но тој го избра Ванкувер за да пооа следи трансфер во Европа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.