Шефот на Техничкиот комитет на судии на шпанското првенство, Луис Медина Кантаљехо, одржа состанок со судиите по натпреварот од 22. коло на Ла Лига помеѓу каталонскиот Еспањол и мадридски Реал, кој заврши со пораз на Реал Мадрид со 0:1. Ова го објави шпанското издание „АС“.
Според изворот, по средбата, голем број судии, поточно главниот судија на натпреварот, Алехандро Муњиз Руиз и Иглесијас Вилануева, кој работеше на ВАР, добија привремени суспензии поради груби грешки.
Така, според Кантаљехо, прекршокот врз францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе од дефанзивецот на Еспањол, Карлос Ромеро „заслужил повеќе од жолт картон“.
Да потсетиме, Алехандро Муњиз Руиз му покажа само жолт картон на Ромеро по грубиот удар одзади на Мбапе при контранападот на гостите. По натпреварот самиот фудбалер му се извини на Французинот за грубата игра, а Реал Мадрид поднесе официјална жалба до Кралската шпанска фудбалска федерација, со копија до Врховниот совет за спорт, во врска со лошиот настап на судиите.

