Челниците на РБ Лајпциг му даваат поддршка на тренерот, Марко Росе, иако германскиот фудбалски состав има серија на лоши резултати во Бундес-лигата.
Членот на управата, Марсел Шефер, не гледа проблем во тоа што тимот испадна и од Лигата на шампионите. Според него, тоа ќе им даде повеќе време на играчите да бидат заедно.
РБ Лајпциг единствената шанса за освојување на трофеј ја има во Купот на Германија. Таму во четвртфиналето ќе игра со Волфсбург.

