Фудбалерот на Коринтијанс, Мемфис Депај, доби условна казна поради возење во пијана состојба. Тој ќе треба да плати и 9.000 евра, објави познатото француско онлајн издание –„RMC Sport“.
Поранешниот фудбалер на Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед беше приведен поради возење под дејство на алкохол во Монако на 6 август во 2024 година.
Фудбалерот тогаш немаше ангажман бидејќи го напушти Атлетико Мадрид.

