Фудбалерите на Арсенал се елиминирани во полуфиналето на Карабао купот откако и во вториот меч загубија идентично од Њукасл со 2-0. Вчерашниот реванш одигран на стадионот – „Сент Џејмс Парк“ го искометира менаџерот на „топчиите“, Микел Артета.
„Имавме големи очекувања. Не реализиравме две шанси а противникот постигна гол и тоа го промени текот на мечот. Во вториот дел не успеавме да се наметнеме“ – рече шпанскиот тренер.
Арсенал го нема освоено англискиот Лига куп повеќе од триесет години. Лондончани последен пат стигнаа до финалето во 2018 година а го освоија во 1993 година.

