Бразилскиот фудбалер, Нејмар, го одигра првиот меч за Сантос по враќањето во татковината.
33-годишниот напаѓач влезе од клупата во 46. минута на средбата против Ботафого одиграна во рамките на 7. коло на Паулиста лигата и беше прогласен за најдобар играч.
Нејмар по 12 години поминати во европскиот фудбал (Барселона и ПСЖ) се врати во неговиот матичен клуб.

