Фудбалерите на Валенсија, Димитри Фалкир и Уго Дуро, поради повреди нема да се појават на денешниот меч против Барселона во кралскиот Куп на Шпанија. Тоа го потврди тренерот на домаќините, Карлос Корберан.
„Филкир имаше прегледи и нема да може да игра а Дуро не тренира. Тој исто така нема да биде на натпреварот“ – рече Корберан.
Ќе потсетиме дека пред извесен период Барса ја победи Валенсија со 7-1 во меч од Примера Дивизион.

