Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ брзо закрепнува од повредата која ја заработи на Австралија Опен и тоа ќе му овозможи да се врати на терените за турнирот во Доха.
Ѓоковиќ заработи повреда на левата тетива на Австралија Опен. Тогаш во медиумите се појави информација дека ќе мора да паузира најмалку неколку месеци. Вестите од Србија сега, сепак, укажуваат дека повредата полека е санирана и тој ќе биде на терен веќе следната недела.
Ѓоковиќ се надева дека ќе биде подготвен за Катар Опен.

