Барселона постигна 41 гол во само 11 натпревари во 2025 година во сите натпреварувања, што е најдобра серија на тимот по првите 11 натпревари во една календарска година од 1943 година (42, под водство Хуан Хозе Ногез), објави „OptaJose“ на социјалните мрежи X.
Во натпреварот од 23. коло на шпанскиот шампионат Барселона ја совлада Севиља со резултат 4:1.
Барселона моментално се наоѓа на третото место во Ла Лига со 48 бодови. Севиља по сличен број одиграни натпревари е на 13. место со 28 бодови.
Во следното коло каталонскиот клуб ќе игра со Рајо Ваљекано (17 февруари), а Севиља со Ваљадолид (16 февруари).

