Германскиот весник „Билд“ открива дека во договорот на Ерлинг Халанд постои скриена клаузула која му дозволува го напушти Манчестер Сити во текот на летото.
Германците пишуваат дека Норвежанецот ќе има можност да го напушти клубот за фиксна сума доколку „граѓаните“ не се пласираат во Лигата на шампионите. Вредноста на клаузулата не е позната.
Сити е петти во англиската Премиер лига со два бода помалку од четвртопласираниот Челзи. Пред актуелниот шампион се Нотингем Форест, Арсенал и водечкиот Ливерпул.

