Фудбалерите на Брест и ПСЖ ќе го одиграат француското дерби во рамките на Лигата на шампионите.
Иако популарните „светците“ се во улога на големи фаворити, нивниот тренер, Луис Енрике, вели дека ќе мора да се пристапи максимално сериозно на двата меча.
„Секој натпревар што го игравме против Брест дома и на гости беше тежок. Тие се добри во одбраната и нападот. Сепак, Лигата на шампионите е важно натпреварување за нас. Мораме да победиме, нема друга опција. Тоа е фокусот“ – рече Енрике.

