Фудбалерите на ПСВ денеска во вечерниот термин ќе гостуваат кај италијанскиот Јувентус во првата фаза на елиминации. Еден од најискусните во редовите на екипата од Ајнтховен, Лук Де Јонг, знае дека ќе биде исклучително тешко гостување на „Чизмата.
„Се наоѓаме во момент кога работите одат послабо. Не можеме секогаш да настапуваме на врвно ниво, но, мора да се обидеме тоа да биде само во ретки случаеви. Сега ќе имаме таква можност“ – рече Де Јонг.
„Сите се разочарани од тоа како се одвиваат работите но, момците добро се согласуваат. Ние сме многу мотивирани. Мораме да работиме исклучително напорно и да се бориме заедно” – рече играчот на ПСВ за сајтот на УЕФА.

