Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, бил испровоциран од новинарско прашење зошто „волчицата“ не купила фудбалери во зимскиот преоден рок.
„Ќе му кажам на претседателот да потроши повеќе пари, да прифати 3-4 години забрана за настап на европските турнири, така нема да се пласираме во Лигата на шампионите и сите ќе бидат среќни“ – рекол Раниери и ја напуштил средбата со новинарите.
Раниери претходно има потенцирано дека клубот од Рим мора да го почитува финансискиот фер-плеј и затоа не може да троши пари на нови играчи.

