Менаџерот на Селтик, Брендон Роџерс изрази задоволство од играта на неговиот тим во поразот на домашен терен од Баерн Минхен со 1:2 во Лигата на шампионите.
„Во Лигата на шампионите секогаш можете да загубите натпревар, но важно е да не се предавате. И токму тоа го направивме. За многу од играчите ова е ниво на кое не играле. Нема за што да жалиме. Покажавме дека можеме да играме добар фудбал и да бидеме опасни. Горд сум на моите играчи.
Уште не сме елиминирани. Со ист пристап ќе излеземе и на реваншот. Не се плашиме и ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси.
Баерн има огромна класа и може да постигне многу голови. Понекогаш буквално можат да ве откажат, но такво нешто не се случи денеска. Во последните 25 минути почнавме да притискаме и бевме наградени со гол“, изјави Роџерс.

