18-годишниот Лука Родолфо, кој на времето беше на поширокиот список во нашата млада фудбалска репрезентација, во продолжението на сезоната ќе настапува како позајмен од Сампдорија во тимот на Салернитана.
Тој неколку сезони беше дел од младинскиот состав на џеновјани со забелжителни настапи кои му овозможија дури 11 пати да биде во иделниот тим на колото. Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека Лука имал понуди да заигра за Ливорно или Палермо но, се определил да замине во Салернитана и да конкурира за првиот тим. Во дел од текстот се потенцира дека за младиот голман бил заинтересиран и азискиот шампион Ал Аин, чиј тренер е легендарниот Аргентинец, Хернан Креспо.
-Мојот сон е секако настапот за македонската репрезентација“ – вели Лука, чија мајка потекнува од Македонија и секогаш му дава голема поддршка во кариерата.

