Баер Леверкузен и Баерн Минхен доцна синоќа го одиграа дербито на 22 коло во Бундес лигата. Мечот на теренот на „фармацевите“ заврши без голови а нивниот тренер, Чаби Алонсо, вели дека резултатот е реален на прикажаното.
„Баерн е многу силен. Обично лесно ги разбива екипите, но тоа не беше случај денеска. Многу сме горди на нашиот настап“ – изјави Алонсо.
„Пред мечот рековме дека мора да играме совршено. Не е лесно да се игра против Баерн“ – потенцираше тренерот на домаќините.

