Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим по поразот од Тотенхем со 1:0, изјави дека неговиот тим имаше многу шанси, но не успеа да реализира ниту една, што беше неминовно за пораз.
„На крајот тие постигнаа гол, а ние не. Ова е најголемата разлика. Имавме многу шанси, но на крајот тие реализираа една, а ние не“, изјави Аморим.
По 24 одиграни натпревари, Тотенхем се наоѓа на 12. место во поредокот во Премиер лигата, со 30 бодови. Манчестер Јунајтед е 15-ти, со 29 бодови.

