Екипата на Барселона предоводена од Ханзи Флик го победи Рајо Ваљекано (1:0) во 24. коло од Ла Лига. Каталонците ја извојуваа четвртата победа во низа. Претходно ги победија Алавес (1:0), Валенсија (5:0) и Севиља (4:1).
Последниот пораз беше на 21 декември од Атлетико Мадрид (1:2). Од тој натпревар до синоќа, Барселона одигра 12 натпревари, а од нив победи на 10 додека два пати одигра нерешено.
Во следното коло од Ла Лига , на 22 февруари Барселона гостува кај Лас Палмас.

