Фиорентина соопшти дека на Алберт Гудмундсон му била дијагностицирана скршеница на грбот, додека Андреа Колпани доживеал релапс на повредата.
„Виолетовите“ сè уште ги чувствуваат последиците од изненадувачкиот пораз на домашен терен со 2-0 од Комо во Серија А во неделата попладне.
Гудмундсон беше замена и влезе во игра во 55. минута, но беше принуден повторно да го напушти теренот само 19 минути подоцна по удар во грбот.
Рендгенските снимки потврдиле дека станува збор за посериозна повреда од обична модринка, бидејќи му била дијагностицирана фрактура на местото каде го добил ударот.
Бидејќи ова е комплицирана ситуација, Гудмундсон ќе биде на нови прегледи во следните неколку дена од низа специјалисти за да се знае дали ќе мора на операција.

