Младиот дефанзивец на Реал (М), Раул Асенсио одговори на прашањето за посакуваниот противник во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со вкупни 6-3 и се пласираше во осминафиналето на турнирот, па сега се очекува утрешната ждрепка за да се комплетираат двојките.
Како потенцијални ривали за Реал Мадрид во следната рунда се Баер (Л) или Атлетико (М).
„Ние сме Реал Мадрид. Не ни е грижа со кого играме. Ќе се бориме и ќе се обидеме да поминеме во следната рунда“, изјави дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио, веднаш по вчерашниот меч.

