Денеска беа составени паровите за 1 /8 финалето во Лигата на Европа или второто по квалитет натпреварување под капата на УЕФА.
Во првите мечеви закажани на 6 март и во реваншите на 13-ти во истиот месец ќе се сретнат:
Бодо-Олимпијакос
Фенербахче-Глазгов ренџерс
Ајакс-Ајнтрахт Франкфурт
Стеауа-Олимпик Лион
АЗ Алкмар-Тотенхем
Реал Сосиедат-Манчестер Јунајтед
Викторија Плзен-Лацио
Рома-Атлетик Билбао
Мечевите од 1/4 финалето ќе бидат на програмата на 10 и 17 април. Полуфиналето ќе биде одиграно на 1 и 8 мај додека големото финале за победничкиот пехар во Лига Европа ќе се реализира на 21 мај на стадионот во Билбао.

