Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, во последното интервју нагласи, дека одржува редовни контакти со Германецот, Јирген Клоп, кој долги години седеше на кормилото на англискиот состав.
„Сега повеќе разговарам со Клоп отколку претходно. Многу праќавме пораки во последните неколку месеци. Ме праша за семејството, ми честиташе за натпреварите и за пласманот во финалето. Ми кажа и кога повторно ќе дојде тука!“ – изјави Египќанецот.
Напаѓачот на Ливерпул под водство на новиот менаџер, Арне Слот, има одлична сезона и во континуитет ги тресе противничките мрежи.

