Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски се чини дека ќе остане во клубот и следната сезона, откако неговата иднина беше предмет на многу шпекулации во последните месеци.
Кога полскиот напаѓач се пресели од Баерн Минхен во Барселона во 2022 година, тој потпиша договор на четири сезони. Во договорот, сепак, имало клаузула според која Каталонците би можеле да го раскинат договот по третата година доколку Левандовски не учествувал на најмалку 55% од натпреварите.
Оваа можност, сепак, никогаш не стапи во сила, бидејќи Левандовски беше составен дел од стартната постава во текот на целата сезона. По последниот натпревар против Лас Палмас (2:0) победа на Барселона, тој сега и официјално го исполни условот, што автоматски го активира продолжувањето на неговиот договор.
Со 32 гола во 35 натпревари, 35-годишниот напаѓач покажа импресивни перформанси и, иако ќе има 37 години во сезоната 2025/2026, тој останува клучна фигура во тимот, особено под водство на неговиот поранешен тренер во Баерн, Ханс-Дитер Флик.

