Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Чаби Алонсо со нов рекорд во Бундеслигата
    Фудбал

    Чаби Алонсо со нов рекорд во Бундеслигата

    risteBy riste23/02/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо подобри уште еден личен рекорд во Бундеслигата, станувајќи тренер во првенството со најдолга серија без пораз на гости – 28 меча, со победата од 2:0 над Холштајн Кил на гости, објавија медиумите во Германија.

    Така, тој го подобри постигнувањето на Удо Латек со Баерн Минхен и Шалке, без пораз на 27 гостувања, пишува веб-страницата на Бундеслигата.

    Последниот пораз на тимот од Леверкузен во лигата беше во мај 2023 година, кога тимот загуби со 0:3 од Бохум. Баер оттогаш има само еден пораз во Бундеслигата – 2:3 дома од РБ Лајпциг во август 2024 година.

    Запрашан за рекордот, Алонсо рече: „Ние развивме победнички менталитет и овие достигнувања го покажуваат тоа. Ние сме ефикасни, стабилни. Сакаме повторно да ги покажеме овие квалитети во нашето следно гостување во Франкфурт“.

    Баер Леверкузен, исто така, објави дека овој успех го направи Алонсо првиот тренер во историјата на клубот кој имал победи против секој противник со кој се соочил во Бундеслигата – вкупно 21.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.