Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој го постигна првиот гол на вчерашното дерби на теренот на Манчестер Сити, вели дека неговиот тим се обидува да победи на секој меч без разлика на името на противникот.
„Неверојатно, многу е тешко да се игра тука. Посебно е чувството кога сте во трка за титулата“ – вели Салах.
„Црвените“ со вчерашната победа од 2-0 се зацврстија на чело на табелата во Премиер-лигата. Тие имаат 64 бодови или 11-ет повеќе од Арсенал кој има натпревар помалку.

