Тренерот на Наполи, Антонио Конте, застана во одбрана на фудбалерите кои загубија на гостински терен од Комо во меч од Серија „А“.
„Жал ми е но, сите заедно треба да се обидеме да разбереме зошто се случи тоа. Честитки за тоа што го прават момците од Комо, се најдовме под притисок поради нашите грешки“ – рече Конте.
„Јас сум одговорен за поразот бидејќи не можев да го спречам. Не барам изговори. Треба да видиме како да се справиме со ситуацијата“ – потенцираше тренерот на Наполи.

