Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашниот пораз од Ливерпул на домашен терен на –„Етихад“, призна дека неговиот тим е далеку од нивото на „црвените“ кои пак, сигурно чекорат кон титулата.
„Ќе видиме како ќе биде во иднина. Сепак треба да кажам дека денеска игравме добро. Видов многу работи кои ми се допаднаа и покрај поразот“ – рече Гвардиола.
„Манчестер Сити има светла иднина. Знам сега дека многумина не ми веруваат но, знам што зборувам“ – рече шпанскиот тренер на клупата на „граѓаните“.

