Предводникот на Барселона Ханс Дитер Флик зборуваше за здравствената состојба на крилниот играч Ламин Јамал пред првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија со мадридски Атлетико кој ќе се одигра денеска.
„Треба да почекаме да видиме дали ќе може да игра против Атлетико. Но, навистина се надевам дека Ламин ќе биде во тимот“, рече Флик на прес-конференцијата пред натпреварот.
Да потсетиме, Ламин Јамал по победничкиот меч, кој се одигра во 25. коло од шпанското првенство со Лас Палмас (2:0), на социјалните мрежи ја покажа крвавата лева нога.
По 25 кола во Ла Лига, каталонскиот тим го зазема првото место на табелата.

