Поранешниот фудбалер и тренер на Тотенхем, Глен Ходл, кој работи како аналитичар за ТНТ Спортс, вели дека ја разбира фрустрацијата на навивачите на „спарси“ поради лошата политика на претседателот, Даниел Леви.
Англискиот состав има катастрофална сезона и се наоѓа на 12-то место во Премиер лигата. Згора на тоа испадна и од двете значајни Куп натпреварувања на oстровот.
Затоа легендата на англискиот клуб го повика претседателот да внесе повеќе пари во тимот за да ја врати „славата“ на клубот.

