Фудбалерите на Рома ја продолжија фантастичната серија откако доцна синоќа ја совладаа Монца со 4-0 во меч од Серија „А“. Тренерот, Клаудио Раниери, не крие дека е задоволен.
„Атмосферата во соблекувалната е одлична. Ние работиме добро а секој натпревар е различна приказна. Сега размислувам за Комо“ – изјави тренерот на „волчицата“.
Рома од почетокот на годинава има шест победи и два нерешени меча со гол-разлика 16:5.

