Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по елиминацијата во Купот на Италија, вели дека сите сили треба да се насочат кон топ 4 во Серија „А“ и обезбедување на пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„Верувам во овој тим затоа што има класа. Но, тоа не е доволно. Во фудбалот потребни се други елементи а една од главните работи е односот на теренот“ – рече Мота.
„Играчите мора да си помагаат и да ја почитуваат историјата на клубот. Проблемот не беше технички или тактички“ – рече тренерот на „старата дама“ по елиминацијата од Емполи во Купот на Италија.

