„Про боксинг Македонија“, која е членка на ЕБУ и ВБЦ, за свој менаџер за 2024 година го избра Авдил Салиху, кој во изминатата година се истакна со неговите боксери и освои неколку титули.
На Македонија и донесе две меѓународни титули, УБО и УБФ, со Мерсим Зеќири а вредни титули освои и Александар Калаши и други.
„Благодарам на „Про боксинг Македонија“ што ме избра за менаџер на годината и ова е моја трета награда во последните 5 години. Сето ова сведочи за професионалната и голема работа што ја работевме во текот на целата година и силно верувам дека ќе имаме такви награди и во иднина“ – изјави Салиху.

