Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ла Лига сo жалба до Европската комисија против Манчестер Сити
    Фудбал

    Ла Лига сo жалба до Европската комисија против Манчестер Сити

    sasoBy saso28/02/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанската Ла Лига поднела жалба до Европската комисија против Манчестер Сити , откри претседателот Хавиер Тебас. Во жалбата се наведува дека англискиот клуб го прекршил законот на ЕУ за натпреварување. Тебас објави дека е доставен уште во 2023 година и е поврзан со Регулативата за странски субвенции. Станува збор за субвенции што ги даваат земји кои не се членки на ЕУ за компании кои работат во ЕУ. Аргументот на Ла Лига е дека Манчестер Сити добил странски субвенции од Обединетите Арапски Емирати, што му овозможило на клубот да ја подобри својата конкурентска позиција, истовремено предизвикувајќи значителни нарушувања на различни национални и европски пазари.

    „Сè што прават е да размислуваат за тоа како можат да ги избегнат правилата и прописите. Ова го пријавивме во Европската унија со факти и бројки. Зошто? Затоа што ова е англиски тим кој не е дел од ЕУ, но има комерцијални активности во Европа. Навистина е важно сите клубови да подлежат на правила за транспарентност и управување и вистинска конкуренција во финансиската и спортската страна на нивниот бизнис“, рече Тебас.

    Од „Етихад“ ги отфрлаат обвинувањата и нагласуваат дека Тебас има долга историја на напади врз клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.