Тренерот на Лестер , Руд ван Нистелрој, вети дека ќе „продолжи да се бори“ откако „лисиците“ претрпеа пораз од 2-0 од Вест Хем и останаа во зоната за испаѓање во Премиер-лигата.
„Сè уште сме во борба, математички сме таму и продолжуваме да се бориме додека можеме. Ја знаеме ситуацијата, ја знаеме табелата, знаеме колку брзо може да се промени“ – рече тренерот на Лестер.
„Само треба да мислиме за мечот што доаѓа и мора да почнеме да победуваме бидејќи натпреварите се намалуваат“ – рече Нистелрој.

