УЕФА го казни Реал Мадрид со 30.000 евра поради дискриминаторско однесување на навивачите за време на последниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објавија медиумите во Шпанија.
Условна казна за делумно затворање на стадионот доби и Реал Мадрид, а санкцијата ќе биде активирана во случај на нов прекршок во следните две години.
Информациите од УЕФА не прецизираат какво било дискриминаторско однесување на натпреварот од плејоф рундата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на 19 февруари. Реал Мадрид победи со 3:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.

