Дури пет од ѕвездите на Манчестер Јунајтед би можеле да си заминат ова лето. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим подготвува сериозна чистка по завршувањето на сезоната во обид да ги намали трошоците за плати во клубот.
Прв на листата на португалскиот стручњак е играчот од средниот ред Касемиро, кој е еден од најискусните во тимот, но и најскапо платените играчи на „Олд Трафорд“. Позајмените Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал се чини дека немаат иднина во тимот на Јунајтед и клубот ќе се обиде да ги продаде на лето.
Расмус Хојлунд и Џошуа Циркзе исто така не влегуваат во плановите на Аморим и по завршувањето на сезоната ќе бидат ставени на трансфер листите.

