Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не крие дека е оптимистички расположен пред денешното гостување кај ПСВ во првиот меч од втората елиминациска фаза во Лигата на шампионите.
„Научивме многу во сезонава во Лигата на шампионите. Постигнуваме многу голови а примивме само три на турнирот што е одлично“ – рече Артета.
„Топчиите“ на денешниот меч во Холандија ќе бидат без повеќе стандардни првотимци: Хаверц, Жезус, Мартинели, Сака и Тобајаши.

