Фудбалерите на Лил доцна вечер ќе се појават на стадионот – „Сигнал Идуна Парк“ во првиот меч против Борусија Дортмунд во осминафиналето во елитата на Европа.
Тренерот на францускиот состав, Бруно Џенесио, не крие дека го респектира германскиот состав но, верува дека неговите избраници може да покажат атрактивен фудбал.
„Ние сме меѓу најдобрите 16 екипи во Европа, што значи дека можеме да доживееме такви моменти. Никогаш не сум бил на овој стадион но, сите со кои разговарав велат дека е импресивно“ – рече Џенесио.

