Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, кој доби удар во главата на дуелот со Верона, може да се врати во тренинг процес, објави доцна синоќа екипата од Фиренца.
Кин откако се онесвести на теренот беше кратко задржан во болница. Тој во сезонава има постигнато 19 гола во сите конкуренции.
Кин се наоѓа на второто место на листата на стрелците во Серија „А“.

