Тренерот на англиската Астон Вила Унаи Емери проговори за првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со белгиски Бриж. Астон Вила победи со 3:1.
Леон Бејли и Марко Асенсио (од пенал) погодија за англискиот клуб, додека дефанзивецот на Бриж, Брендон Мекеле постигна уште еден гол во својата мрежа. Максим Де Кујпер погоди за домаќините.
„Ова е Лигата на шампионите и секој натпревар е тежок. Победата е многу важна. Бриж ја покажа својата сила, тие силно притискаа, но ние се боревме брилијантно. Победата ја постигнавме благодарение на нашата способност за борба. Играчите постојано размислуваа како да победат денес“, изјави Емери за официјалната веб-страница на УЕФА.

